Учениците од едно странско училиште добиле задача да се нацртаат со семејството, а наставничката кога ја видела работата на едно шестгодишно дете, итно ги повикала неговите родители на состанок.
Малото момче на прилично необичен начин го нацртало своето семејство, а на цртежот изгледа како да висат на јаже. Тоа ја загрижило наставничката која веднаш ги повикала родителите на детето во училиштето.
„Нашето шестгодишно дете ни даде порака од учителката. Таа ме повика мене и сопругот на итен состанок. Го прашавме нашиот син дали има поим за што се работи, а тој одговори дека не ѝ се допаѓа неговиот цртеж“, напишал таткото на детето со објавениот цртеж на неговиот син и додал:
I stumbled over this on the Internet and can't resist sharing it. pic.twitter.com/zv9q7gQUQm
— Bill Gentile (@billgentile) March 2, 2023
„Следниот ден отидовме на состанок.Наставничката извади семеен цртеж нацртан од нашиот син и побара од нас објаснување.
„Нема проблем“, рече мојата сопруга. „Станува збор за семеен одмор. Нуркајќи на Бахамите, напишал таткото на ученикот покрај цртежот што го објавил на социјалните мрежи.
Овој случај се случи пред неколку месеци, но се уште е вирален на социјалните мрежи.