Синот на Бред Пит и Анџелина Џоли, Пакс, го нарече својот татко „првокласен кретен“ кој ги натерал неговите четири мали деца да се тресат од страв пред него, пренесува Daily Mail.
„Го направи животот пекол за сите нас“, напиша Пакс на својот Инстаграм профил за Денот на таткото 2020 година.
Можете да му кажете на целиот свет што сакате, но вистината дефинитивно ќе излезе на виделина“, напиша меѓу другото Пакс.
Тој потоа саркастично додаде: „Значи, среќен ден на таткото, одвратен човеку“.
Анџелина Џоли го посвои Пакс, кој по потекло е од Виетнам, во 2007 година.
Имал само три години кога бил напуштен како бебе од неговата биолошка мајка која била зависничка од хероин.
Бред официјално го посвои следната година.
Сега е јасно дека врската помеѓу Бред и 19-годишниот Пакс е сериозно нарушена поради тоа што тој го обвинува дека животот му го направил „пекол“.
Изворите наведуваат дека е потврдено дека тоа навистина бил вистинскиот Инстаграм профил на тогаш 16-годишниот Пакс, на кој тој објавил забелешки за својот отуѓен татко.
Пакс не прецизираше што точно го поттикнало да упати толку остри зборови.