МВР информира дека вчера уапсиле пет странски државјанки, бидејќи го злоупотребиле туристичкиот престој.
-На 12.11.2023 во 02.00 часот при акциска контрола во угостителки објект во с.Зубовско поле, во близина на автопатот Тетово – Гостивар, од страна на полициски службеници од СВР Тетово се приведени Т.П.(30), М.Б.(35) двете од Р.Србија, А.Б.(50), Н.М.(49) двете од Р.Албанија и В.Р.(41) од Р.Косово, поради постоење основано сомнение дека истите го злоупотребиле туристичкиот престој. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.