Невладината организација „Спасете ги децата“ соопшти дека децата во Појасот Газа, кои не се убиени од бомби, се изложени на ризик да умрат од глад, болест или дехидрација.
-Ситуацијата е катастрофална. Цивилите, особено децата, продолжуваат да ја плаќаат највисоката цена за актуелното насилство, рече Александра Саје од „Спасете ги децата“ во Вашингтон, пренесе Ал Џезира.
Таа додаде дека вкупниот број на деца убиени во Газа во изминатите неколку недели е поголем од вкупниот број на деца убиени во сите конфликти од 2019 година.
-Знаеме дека повеќе од 1.000 деца се исчезнати или заробени под урнатините, рече Саје, нагласувајќи дека бројките „ќе продолжат да се влошуваат“ доколку не се воспостави прекин на огнот.