Познатиот рок состав “The Backdoor Band”, во петокот вечер одбележа респектабилен 13 годишен естраден стаж со голема роденденска журка во Liquid Cafe во Охрид.
На роденденот го промовираа и новиот видео запис за синглот “Зајко”, односно за песната која е настаната пред 10 – тина години како сатиричен и другарски опис на личноста спомената во псната и нејзиниот “рокерски” начин на живот.
Автор на музиката е Лазе Фармакоски, текстот е на Влатко Митревски и Жарко Јакимоски, а аранжманот е на целиот бенд.
Должноста за снимање на аудиото, микс и мастерингот му припаднала на Ивица Јанкуловски, во неговото студио “Алшар” е финализиран синглот, додека видео записот е сниман на локации во Охрид, а за негово комплетирање и обработка бил задолжен Бојан Симјаноски.