Утрово во 8.25 часот на бројот 112 лице вработено во Национален Парк “Шар Планина” пријавил дека на локалниот пат кон село Вејце, на околу еден километар пред селото, има загинато мече, информираат од ЦУК.
-Мечето најверојатно настрадало во сообраќајна несреќа од непознат сторител. Екипа на МВР изврши увид на местото на несреќата а телото на мечето е предадено на Агенцијата за храна и ветеринарство за дополнителни анализи, се вели во информцијата на ЦУК.