По радосната вест за четирите родени бебиња во семејството Зикови, се огласи и градоначалникот Иван Јорданов.
-Денес ја добивме најубавата вест во текот на оваа 2023 година! Семејството Зикови и нашиот град се побогати за 4 бебиња – 3 момчиња и едно девојче, кои се најновите жители на Општина Штип. Како локална самоуправа ќе го помогнеме семејството со финансиски надоместок, но ги поттикнуваме и сите граѓани на нашата општина да учествуваат во полесно надминување на предизвикот кој го носи големата среќа на семејството Зикови. Четирите дечиња нека бидат предвесник на радост и благосостојба за градот и жителите на Штип, вели градоначалникот Јорданов.