Српскиот пејач Дарко Лазиќ се ожени по втор пат, овој пат со својата најголема љубов од детството Катарина.
За таа прослава се уште се зборува, а Катарина Лазиќ сега го откри најоригиналниот, а воедно и најнеобичниот подарок што го добиле.
-Најубав подарок беше наша слика, која беше рачно изработена, а најнеобично, верувале или не, празни пликови. Ги поздравувам оние што ни донесоа празни пликоа на подарок, бев многу изненадена – изјави невестата со чудна гримаса на лицето, пренесува курир.рс.
За оваа свадба, како што пишуваа српските медиуми, младенците искеширале милион евра.