Лин Лејсон (51), Стивен Пол Лејсон (55) и нивниот син Самсон (22) се обвинети за набавка и дистрибуција на недозволените средства низ Југозападен Велс во Велика Британија.
Целото семејство продавало големи количини канабис и кокаин од камион за сладолед, а жителите од блиското село наводно биле редовни муштерии, пишува Мирор.
Криминалната операција била изведена во близина на фарма во Кармартен, а членовите ги сечеле автомобилските гуми и им се заканувале на секој што ќе им се спротивстави.
Кога полицијата извршила рација во октомври 2021 година, пронашла големи количини на дрога. Имено, на фармата имало канабис и кокаин со улична вредност од околу 80.000 фунти.
Полицијата ги уапсила сопругот и синот, но Лин моментално е во бегство, пренесува телеграф.рс.