Кога имате четири деца, тогаш мора да се организирате на разни начини. Семејството Крстиќ од Шабац дел од проблемот го има решено со необично превозно средство, односно сите шест члена се превезуваат со еден велосипед.
До градинка, до игралиште, на плажа…насекаде низ Шабац превозното средство е исто. Откако се одлучиле на ваков чекор, тие можат сѐ да постигнат и сѐ да направат. Местото во „приколката“ е доволно за сите деца, но и за нивните играчки.
Приколката всушност е замена за нивните два велосипеди со корпи.
„Пред мојот роденден успеав на интернет да пронајдам велосипед. Човекот кој го продаваше кога слушна дека имам четири деца ми го даде за некоја прениска цена. Децата беа пресреќни. Не се знаеше кој е посреќен – дали тие или јас. Малку е тешко и мора да се биде во кондиција. Дури успеав и да намалам неколку килограми“, изјави таткото Урош Крстиќ – пренесува РТС.
Видеото од оваа сторија може да го погледнете овде.