Бројот на загинати Израелци во денешниот напад на Хамас врз Израел се искачи на повеќе од 200, додека повеќе од 1.100 се повредени, јавуваат израелските медиуми. Шокантни видеа од Израел го обиколија светот, а едно е снимено на аеродромот во Тел Авив.
Многу патници останаа заробени на аеродромите во поголемите градови во Израел, додека небото е растргнато од ракети кои Хамас не престануваат да ги истрелуваат.
View from Ben Gurion Airport in Tel Aviv now: flight passengers forced to wait out the air raid lying on the ground. pic.twitter.com/JsJVYhLaxZ
— NEXTA (@nexta_tv) October 7, 2023
Една потресна сцена е снимена на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив. Патниците се принудени да се кријат од нападот, лежејќи на пистата и покривајќи ги своите тела. Тие се обидуваат да се заштитат еден со друг и се држат за куферите.
На снимката од аеродромот се гледа дека на пистата лежат и деца. Некои патници разговараат на телефон, а судејќи по нивните лица, изгледаат многу загрижени за новонастанатата ситуација.
Сирените се слушаат во позадина во текот на целото времетраење на снимањето.
Низ Тел Авив се слушаат сирени и повеќе од десетина силни експлозии, јавуваат новинарите на CNN од теренот, пренесува Индекс.хр.
Локалните медиуми јавуваат дека израелската влада ја прекина седницата поради нападот на Тел Авив,пренесува нова рс.