Кротка, посветена, лојална, професионална, ете таква беше нашата колешка Весна Крстева, долгогодишен уредник на радио Канал77, која денес, заедно со куферот полн спомени, замина на своето последно патување.
Замина во вечноста, не успеја да ја добие последната битка, но зад неа останаа спомените, да се сеќаваме на нејзината насмевка и нејзината позната реченица- „Ај па ти, има и потешко“.
Има Веки потешко… Од ова нема потешко, веќе ја нема меѓу нас, ама затоа на комеморацијата во нејзината матична куќа Канал77, која се одржа веднаш по последното испраќање, колегите и
пријателите раскажуваа за драгоценостите од дружбата со неа, од детството, па се до 15 септември, кога за последен пат се одјави со последните вести. Тоа ни го остави, да се сеќаваме…
И замина засекогаш… Замина во некој подобар свет… А ние… Нам ни останува да ја чуваме во спомените, да ја паметиме нејзината насмевка и добрина..
Патувај Веки, нека ти е лесен патот и дружи се со ангелите, твоето место е меѓу нив….