Не престануваат реакциите на потегот на Александар Вучиќ да сними видео во кое „јаде паризер“ и најавува поевтини цени за три артикли, а тој се појави со корпа од маркет, а за да претстави дополнителни производи – „вкупно 37 артикли кои ќе поевтинат“.
„Домашниот мармалад сега ќе биде 190 динари, поевтин за речиси 200 динари. Џем е исто така на огромен попуст. Ме критикуваа тој ден, а со мене се на „ти“. Велат „што не ги намали цените на маслото, месото и брашното, тоа ни треба. Еве сончогледово масло од 160 до 144 динари. Донесов и тоа што ми го побараа. Брашно тип 500 од 70 отиде на помалку од 50. Тоа е огромен попуст, на задоволство на граѓаните. Ова е новиот бисквит Петит за 119 динари. Намаз Сирко од 217 на 159 динари. Ова гравче е од 340 до 290 динари.
VUČIĆ OPET DONEO KORPU, NAROD SREĆAN A OPOZICIJI I TAJKUNSKIM MEDIJIMA PALA KLAPNA!
Još se opozicija, njihovi mediji i analitičari nisu oporavili od parizera, predsednik Vučić je izašao sa novom listom namirnica kako bi pomogao delu naroda kog je inflacija najviše pogodila!… pic.twitter.com/621fwfFDcb
— Detektor laži (@LaziDetektor) September 17, 2023
Ова е грашок, а таму попустот е значителен. Го имам на списокот. Тоа е од 180 до 139 динари. Зелка, килограм, цена 99,99, новата цена 69 динари. Добро утро, маргарин, диетален, сега е 79 динари. Моја кравица кисело млеко сега е 64 динари. Виршли, редовна цена 109, подобра цена е 79 динари. Паштета од црн дроб од 75 динари до 49 динари. Кромидот на кој се жалеле бил 99, а сега е 79 динари. Што се однесува до хигиената, сапунот е 49 динари. Паста за заби од 150 динари до 99 динари“, изјави Вучиќ на Пинк.