Како „бомба“ во светот одекна веста дека актерот Ал Пачино (83) раскинал до 29-годишната Нур Алфала, која пред само три месеци му роди син. Како што пренесуваат странските медиуми, Нур поднела и барање за старетелство, барајќи целосно физичко старателство кое вклучува повремени посети на славниот актер во „разумна“ мера.
Како што пренесува The Blast, кој добил увид во правната документација, Алфала пред судот изјавила дека е подготвена на Ал да му додели заедничко правно старетелство над нивниот син. Таа на судот му предала и документ кој е потпишан и од сведот, а со кој актерот го признава татковството.
Иако во моментот е актуелна поради односот со ал Пачино, Нур го привлече вниманието на јавноста и веднаш откако влезе во врска со него. Со оглед на љубовната историја на оваа убавица, всушност и очекувано е што заврши во прегратките на познатиот актер.
Таа во јавноста и претходно беше позната токму по врските со значајно повозрасни мажи.