Второто место од публиката на јубилејното издание на „Охрид фест“ му припадна на Наум Петрески и Лилија Семкова за дует песната „Посилни од се“.
Но, она што беше интересно е што Наум по 16 години на врат стави долга вратоврска, која на шега му ја викаа јагула.
Беше во крем боја костум и темно кафена вратоврска, додека Лилија, за да бидат комплетирани на сцена се појави во лефтерен фустан во крем боја, каков што беше костумот на Наум.
-Не можам да носам ваква вратоврска, па ме гуши. Поубаво е кога околу врат ми е слободно, кога ќе се раскопчам. Но, и покрај тоа што не ја сакам „јагулава“, морав да ја ставам, бидејќи таков беше замислен сценскиот настап, ни рече Наум.
И нормално, Наум едвај издржа со неа додека да ја отпее песната, а потоа, во негов стил, се ослободи од јагулата.