Српски туристи среде бел ден биле испокрадени во Помпеја, каде што застанале да посетат археолошки локалитет.
Кога се вратиле во автомобилот, сфатиле дека во него нема ништо.
-Се паркиравме на прометна улица, под пет камери и сето тоа не ги спречи крадците да го скршат стаклото и да извадат апсолутно се од автомобилот. Ги склопиле задните седишта и извадиле три големи куфери, еден рачен, пренослив фрижидер, ранец, верувале или не, бебешки пелени, храна за бебиња и играчки. Се беше спакувано да не се гледа ништо однадвор – вели за Телеграф.рс Милан Р.
Нивниот автомобил бил ограбен околу 12 часот, на 200 метри од влезот на археолошкиот локалитет, а тој вели дека имало очевидци, но дека никој не сакал да реагира или да сведочи.
-На овој начин сакам да апелирам до нашите луѓе да се држат подалеку од Неапол доколку се на патување со своето семејство за да не им пропадне патувањето. Сигурен сум дека се работи за организирана група, дури верувам дека ме следеа од самиот влез на Помпеја и дека само ме чекаа да застанам, да се оддалечам од автомобилот за да ја завршат работата – вели тој.
Тој вели дека не го допираат толку украдените работи, туку самиот настан и количината на стрес што неговото семејство и тој го доживеале на патувањето што требало да биде незаборавно.
Како што вели, Милан е разочаран од италијанските власти и полицијата.
-Не можеме да веруваме дека крадците се толку слободни во 21 век во земја која е членка на Европската унија.