Патниците на летот од Мајорка доживеале екстремни турбуленции во неделата, на 27 август, додека авионот се приближувал до шпанскиот остров, кој во тоа време бил погоден од силна бура, пренесува Дејли Меил, повикувајќи се на драматично видео објавено на Инстаграм.
Патниците се плашеле за своите животи додека авионот летал од југот на Шпанија.
Танчерката и акробат Естела Ортс го објави видеото од летот на Инстаграм. На него се гледа како авионот силно се тресе додека патниците од страв се држат за своите места. Ортс со видеото напишала дека се плаши дека ќе умре.
Авионот се тресеше, луѓето врескаа, плачеа и повраќаа, а сè изгледаше како цела вечност.
Области на североисточна Шпанија и Мајорка беа погодени од ветрови со брзина од 120 километри на час и пороен дожд во текот на викендот. Некои семејства успеале да побегнат, додека други останале заробени на островот бидејќи нивните летови биле откажани.
Мал број луѓе беа повредени, а на копно некои беа спасени од автомобили заглавени во надојдените води.
По искуството во авионот, Ортс напишала дека е „преродена“, и му се заблагодарила на пилотот што успешно се снашол по силниот ветер што ги спречувал да слетаат.
“Авионот почна да паѓа. Луѓето и децата врескаа, не можев да престанам да плачам, ми се слоши. Не знам колку траеше тој момент, но изгледаше како цела вечност. Се додека пилотот не успеа да го стабилизира авионот. .. Беше како тобоган… Никој не кажа ништо преку системот за јавно обраќање за тоа што се случува, дури и откако се се стабилизираше.
Crazy end to the holiday #Mallorca #Storm pic.twitter.com/FnyQQaNmuj
— Daragh Irwin (@Daragh_Irwin) August 27, 2023
Се обидовме да слетаме и не можевме. Летавме два круга околу островот. Одеднаш повеќе не можевме да го видиме островот и авионот почна да се качува. Пилотот одлучил дека најдобра опција е да се врати во Аликанте. Полетавме во 10:30 и слетавме во 12:36 часот (летот обично трае 40 минути)“, напиша Ортс, која по својата порака сподели видео од авионот на кое се гледа како се потскокнува и штрака, а патниците врескаат, пренесува радио Сараево.