Рускиот претседател Владимир Путин повторно стана главна тема на социјалните мрежи откако направи уште една „грешка“, пренесува 24сата.хр
Путин преку видео врска зборуваше за самитот на БРИКС во Јоханесбург, Јужна Африка.
Тој не пристигна таму физички поради налогот за апсење што го издаде Меѓународниот кривичен суд во март, па наместо тоа, на насобраните им се обрати од далечина. Но, она што беше поттик за многумина беше неговото – гледањето во часовникот.
Putin's double has been doing such a great job all this time and then gave up the game the instant he tried to find his watch on his left hand, since real Putin wears his watch on his right. pic.twitter.com/BdvHwyegls
— Igor Sushko (@igorsushko) August 22, 2023
На видеото се гледа како Путин ја крева левата рака, како кога автоматски сакаме да го погледнеме часовникот. Потоа брзо ја спушта раката и гледа во хартиите. Кога се почеша, се виде дека часовникот е на десната рака. Иако не е сигурно зошто го направил тоа, има многу мислења дека тоа всушност воопшто не бил тој, туку негов двојник.
-Двојникот на Путин сето ова време одлично ја заврши работата, но згреши кога сакаше да си го најде часовникот на левата рака затоа што вистинскиот Путин најчесто го носи од десната страна – пишуваат корисниците на Х, поранешен Твитер.
И претходно имаше сомнежи дека рускиот претседател користи двојник.
Which one do you think is the real one? pic.twitter.com/SV8TVdnUQE
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) March 20, 2023
Путин во март наводно испратил двојник во украинскиот град Мариупол, а наводно го „издале“ – ушите.