Сара Алаби од Канада е амбасадор на бренд за костими за капење и фустани. Со текот на времето таа успеала да стекне популарност на Инстаграм, со што сега на оваа социјална мрежа ја следат над 100.000 корисници. Сара е позната по раскошните облини и често објавува фотографии во моделите кои ги рекламира.
На последните фотографии кои таа ги објави неодамна, позира во едноделен костим за капење кој се „вкрстува“ во пределот на градите. Се чини дека за ваков модел би се одлучиле само најхрабрите, а Сара секако е една од нив.
Оваа дама има голема самодоверба па неодамна изјави дека е толку згодна, што буквално ги тера мажите да заплачат над нејзиното тело. Сара исто така, смета дека мажите не се трудат доволно за да ја освојат и импресионираат, а тоа е и главната причина зошто ги одбива или блокира доколку дојдат до нејзиниот телефонски број. Чести се нејзините објави во кои ги поттикнува луѓето што ја следат, да ја заведуваат и воодушевуваат, со оглед на тоа дека според неа, во денешно време мажите не се трудат околу жените ни приближно како што тоа било порано.
Вистинскиот кавалер е всушност токму таков, како што ѝ е потребен на Сара. Во својата последна објава, таа е во минијатурен црн костим за капење, а во описот на фотографијата таа наведува каков маж ѝ е потребен.
„Единствените луѓе на кои сум им дури и љубоморна, се жените кои само седат дома и не права ништо, додека нивните мажи им ги плаќаат сите сметки. Сите останати не доаѓаат предвид“, објасни Сара.