Иако во јавноста се појави тврдење дека повеќекратниот убиец од Градачац е погребан во тајност, ваквите тврдења за Н1 ги демантираl директорот на Комеморативниот центар Тузла, Фарук Латифагиќ.
Телото на убиецот се уште е во Комеморативниот центар во Тузла, потврдил Латифагиќ
Да потсетиме, тој во интервју за Н1 пред неколку дена најави дека ќе иницира договор со властите од Градачац за ова прашање, но денеска потенцира дека решение се уште не е постигнато.
Сепак, додаде тој, верува дека работата многу брзо ќе се реши, а убиецот „ќе биде погребан на хуман начин“.
Тој додаде дека никој од неговото семејство не се јавил да го превземе телото, но дека со Комеморативниот центар Тузла контактирале некои од пријателите на убиецот.