Во меѓународна акција против шверц на дрога, албанската полиција, поддржана од италијанската „Guardia di Finanza“ и американската агенција DEA уапсила криминална група обвинета за шверц на дрога која се наоѓала на брод што пловел од Црна Гора.
Уапсени се шест лица, меѓу кои и поранешен полициски раководител.
Албанските медиуми јавуваат дека меѓу уапсените двајца се украински државјани.
Лицата кои се наоѓале на бродот, кога забележале дека се опколени, го запалиле бродот со кој тргнале од Црна Гора, по што се обиделе да избегаат на чамец за спасување.
Уапсени се Албанците Арлинд Исмаилукај (47), Армандо Мема (37), Нерим Чела (40), Бесник Брокери (51) и Украинците Кирило Пономаренко (39) и Костијантин Биелон (44). Специјалниот суд против корупција и организиран криминал им изрекол мерка притвор. МИА