Турскиот актер Керем Бурсин одлично ѝ е познат на публиката од регионот, која бо обожаваше во улогата на Серкан Болат во серијата Sen Çal Kapim. Атрактивниот актер го привлекува вниманието на јавноста дури и кога е далеку од камерите, а за неговиот љубов живот сѐ уште се шпекулира.
Керем е роден во Истанбул во 1987 година, а кога бил дете живеел во Малезија, Соединетите Арапски Емирати, па понатаму и во Америка.
Со глума почнал да се занимава уште како тинејџер, а кога бил средношколец го прогласиле за најдобар млад актер во американската сојузна држава Тексас. Тој играл во повеќе филмови каде остварил повеќе значајни улоги, но потоа се вратил во Турција каде добил многу повеќе прилики да дојде до работа.
Со улогата во серијата Sen Çal Kapim веќе стана миленик на жените, а таму директна партнерка му беше Ханде Ерчел. Керем потоа беше вод олга врска со актерката, но потоа сепак се разделија. Турските медиуми пишуваа дека Керем потоа ја пронашол среќата во прегратката на инфлуенсерката Мехтап Алгул, која работи и како директорка во една компанија. Медиумите објавија дека тие планирале да почнат заеднички живот и дека купиле куќа од над два милиона евра, по што сепак раскинаа.
Наводно, по раскинувањето се сретнале на еден концерт каде што се игнорирале еден со друг и се забавувале со своите пријатели.
Мехтап е две години помлада од актерот, а по завршувањето на средното образование таа почнува да работи и студира истовремено, па сега е една од најуспешните млади жени во Турција. Неодамна таа ги изненади своите обожаватели споделувајќи исповед за нејзината победа над ракот на дебело црево. Баш во моментот кога нивната врска со Керем почнала да оди во „надолна линија“, Мехтап открила дека ја има оваа болест, поради која морала да се лечи пет месеци, но за нејзината дијагноза не знаел никој освен медицинскиот тим кој се грижел за неа.
„Се извинувам на моето семејство, на моите сакани и на сите останати кои прашуваа што се случува со мене. Кога работите станаа премногу сложени, не сакав да одземам ничие време и енергија“, напиша таа на Инстаграм и објасни дека ја споделува вистината бидејќи вестите конечно се убави.
„Сакав своите убави вести да ги споделам и победата да ја прославам со вас. После пет месеци борба, моите резултати вчера беа беспрекорни. Мојата слобода е во мои раце, а новиот живот ми е добредојден“, изјави Мехтеп додавајќи дека изгубила осум килограми, но дека се опоравува.