По само три месеци откако почина кралот на ромската музика, Ферус Мустафов, соноќа почина и неговиот син, Илми.
Блиски на семејството за ММС рекоа дека сите се во шок, бидејќи се се случили одеднаш.
-Веќе неколку дена со гурпата се на свирки во дебар. Вчера цел ден седеле, муабетеле и ништо не наговестувало дека ќе се случи нешто страшно. Вечерта ненадејно му се слошило и толку било. Илми пред неколку години стави стент. Денес веќе е пренесен во капела во Скопје, а погребот ќе биде утре, најверојатно на Камник, велат за ММС блиски на семејството Мустафови.
Илми е единствениот син на Ферус, кој успешно чекореше по неговите стапки со групата „Огнени момчиња“, а во неговата скоро три децениска кариера, има снимено многу ора и чочеци, од кои дел со својата група, а дел со неговиот татко, легендарниоот Ферус Мустафоов.
Илми го имаше наследено талентот од татко му, а бидејќи музиката им е во гени, по нивните стапки зачекори и Ферус Јуниор, неговиот син.
На Фејсбук многу пријатели и колеги шокирани од веста, веќе се простуваат од Илми.