Голем број пожарникари ги гаснат пожарите на југот на Франција, што доведе до евакуација на неколку кампови со многу туристи, јави ДПА.
„Голем пожар има во провинцијата Пиринеи-Ориентали“, изјави министерот за внатрешни работи Гералд Дарманин, кој ги повика населението и туристите да бидат крајно внимателни.
Распоредена е противпожарна бригада со 13 авиони, три хеликоптери и повеќе од 500 пожарникари.
#BREAKING – #France: A major fire is still underway in Saint-André in the Pyrénées-Orientales, mobilizing more than 200 firefighters. pic.twitter.com/WIIAw49O9o
— Jack Straw (@JackStr42679640) August 15, 2023
Пожарите избувнаа вчера меѓу градот Сен-Андре и познатото крајбрежно летувалиште Аржелес-сур-Мер на Средоземното Море, соопштија пожарникарите. Радио станицата Франс Блу, повикувајќи се на локалните власти, јави дека во пожарот се уништени 300 хектари главно ниска вегетација.
APOCALYPTIC – The situation with the wildfires in Saint-André in the Pyrénées-Orientales, France, is
out of control
– 13 planes, 3 helicopters and more than 500 firefighters are mobilized
– Several thousand people were evacuated, including campsites
– The fire is out of control… pic.twitter.com/cSAkPkxOyH
— Jack Straw (@JackStr42679640) August 15, 2023
Евакуирани се три кампа со бројни туристи, додека пожарот се заканува на некои станбени згради и продавници. Спортската сала е подготвена за сместување на евакуираните. Локацијата на пожарот е западно од градот Перпињан, недалеку од границата со Шпанија. МИА