Триесетгодишната инфлуенсерка, Лис Бос сподели исповед која за кратко време стана вирална, откако таа објасни како нејзиното тело ја отфрлило токсичната врска со човекот за кого мислела дека ќе ѝ биде сопруг.
Лис е од Њујорк и во нејзиниот подкаст Date Yourself таа отворено сподели што научила како лекција од претходните врски. Инаку, Лис редовно објавува видеа на ТикТок, а повеќе од 200.000 корисници ги следат нејзините приказни и совети за врски.
„Тој беше мојот иден маж. Имав болка во стомакот секојдневно, постојана анксиозност без причина и морав да правам ЕКГ на срце бидејќи постојано бев под стрес“, почнува таа.
„Моето тело ја отфрлаше мојата врска“, тврди инфлуенсерката.
Видеото во кое ги споменува физичките симптоми имаат повеќе од 2,7 милиони прегледи и стотина коментари.
„Исто! Панични напади, проблеми со варењето, несоница, мачнина, болки во грбот. Сѐ исчезна кога се разведов“;
„И мене ми се случуваше сето тоа, но никој не ми веруваше“
„ДА! Константна анксиозност, будење до 2-3 наутро, нервоза, губење на апетитот. Раскинав и сѐ исчезна“ – се само дел од коментарите.
Д-р Мајкл Лам пак, тврди дека секоја стресна ситуација во една токсична врска предизвикува лачење на кортизол.
„Тоа води до исцрпување и може да има здравствени последици, дури и кога мислите дека водите здрав живот“, објасни тој.