Исидора Бјелица беше мажена за драматургот Небојша Пајкиќ, со кој доби две деца. Таа потекнуваше од угледно семејство – нејзиниот татко беше шаховски велемајстор и новинар, а мајка ѝ професорка по англиски јазик.
Како што соопштија белградските медиуми, Исидора починала токму во станот на нејзините родители.
Бидејќи не се двоумеше да полемизира дури и за најчувствителните теми, Исидора често зборуваше за односите со мајка ѝ и татко ѝ. На својот татко еднаш му честиташе роденден со емотивна порака на социјалните мреѓу во која меѓу другото, наведе дека тој секогаш ѝ покажувал љубов за разлика од мајка ѝ.
Прашана дали патела затоа што со татко ѝ имала посилна врска, таа одговорила:
„Цел живот патам поради тоа, Јас мојата мајка ја сакам бескрајно и баш затоа сѐ ме боли толку многу. Од нејзина точка на гледиште веројатно е сѐ океј, но јас не сум личност која лаже. Јас мојата душа им ја дадов на сите на увид бидејќи јас сум писател. Како да не ве боли кога мајка ви летува додека сте на хемотерапија или ако ви каже дека не вреди поради вашето лекување да се продаде станот бидејќи дијагнозата е толку лоша?“, раскажа Исидора своевремено.
„Не знам, цел живот ја сакам и се обидувам да ја разберам, но кога и самата станав мајка, тогаш сфатив дека не ja разбирам. Се случува некој да го сака брата си повеќе од роденото дете, но јас мислам дека таа не е свесна за тоа. Таа е прекрасна, едуцирана жена, но веројатно јас сум премногу комплицирана ќерка со која таа никогаш не знаеше да излезе на крај. Тоа е како цел живот да зборувате различни јазици“, изјави Исидора.
Таа се обидела тоа да го промени, меѓутоа обидите не вродиле со плод.
„Милион пати се обидов, работев со десетина терапевти, но тука нема менување, работата е во тоа дека треба да има прифаќање и од двете страни. Исто така, многу е напорна перманентната тензија помеѓу неа и Небојша која трае од првиот ден, бидејќи претпоставувам дека мојот маж не го замислувала како таков. Едноставно, човек не може да влијае на љубов. За неа, нејзиниот брат е сѐ“, сподели Бјелица.
„Јас навистина не би можела да не се јавам на роденото дете кое умира со денови. Би одела гола и боса, за само еден ден живот повеќе за моите деца. Но Бог ми даде на другата страна, ми даде љубов од целосно непознати луѓе, не само што деноноќно се грижат туку благгодарение и на нивната материјална помош јас сум жива. Тоа е парадокс на животот“, додаде писателката.
Таа толку анализирала сѐ, што еден ден сѐ изгуби смисла – истакна таа.
„Уште како девојче патев бидејќи таа никогаш немаше време за разговор, дури си мислев дека сум посвоена. Но знаете, луѓето велат да простиш. Не е работата во тоа, кога сакаш ти простуваш со самото тоа што сакаш, но тоа не значи дека не боли. Пред болеста тој недостаток на поддршка го разбирав како челичење, сѐ морав сама. Нека ме осудуваат што за тоа зборувам, бидејќи овде луѓето кријат сѐ – од семејни проблеми со болести. Но мојата душа плаче. Јас не можам да глумам поради соседи и роднини. Среќна сум што со Лав има убав однос. Сосема сум сигурна дека сѐ што правела, правела со најдобри намери. Не се лутам, но патам, многу боли“, раскажа легендарната Исидора.