Таткото на 29-годишниот Михалис Кацури , кој беше прободен и почина во настаните што се случија во Нова Филаделфија, Грција, бил пренесен во болница, откако му се влошила здравствената состојба. На таткото му се слошило , по што се онесвестил, поради што морал да биде пренесен во болница каде што е примен и се лекува.
Денеска е погребот на неговиот син Михалис, но доколку здравствената состојба не му се подобри, лекарите велат дека тешко оти ќе му дозволат на таткото да присуствува.
Татко имал психолошка поддршка откако доживеал напади на паника по ненадејната смрт на неговиот син.
Со здравствени проблеми се соочила и мајката на 29-годишникот. Жената имала симптоми на срцев удар кога слушнала што се случило со нејзиниот син и дека тој повеќе не е жив. Мајката вчера беше отпуштена од болница.
Во средата вечерта ѝ била извршена коронарографија, по што лекарите потврдиле дека жената е надвор од животна опасност, па била пуштена на домашно лекување.
Мајката ја обвини државата што не го заштитила нејзиното дете и дозволила да биде убиен, барајќи идентификување и казнување на убиецот.
Во меѓувреме, истражните органи работат на откривање на сторителот на убиството на Михалис. Истрагата води до пет главни осомничени – Хрват, Албанец и тројца Грци. Албанецот и Хрватот по приведувањето кај себе имале преклопени ножеви со крв и веднаш биле одвоени од останатите уапсени, како осомничени за убиството. Двајцата Грци се навивачи на грчки тим и имаат тешки криминално досие.