Денес се навршуваат 22 години од крвавиот 10 Август 2001 година кога кај месноста Љуботенски бачила осум припадници на македонските безбедносни сили ги даваат своите животи за Македонија.
По овој повод градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски ѝ порача на министерката Славјанка Петроска дека е подготвен веднаш да обезбеди место за достоен споменик на бранителите.
Костовски ова го кажа, бидејќи, како што вели Оштина Желино тактизира со локција за достоен споменик на бранителите, кои ги загубија животите на Карпалак, па цели 22 години годишнината од смртта се одбележува на банкина.
-Нема да оставиме нивната жртва да биде залудна, а нивното дело заборавено. Да ја цениме нашата слобода, нашата земја и заветот за Македонија. Да се одолжуваме кон хероите на тој начин што нема да ја заборавиме нивната жртва.И бидејќи министерката за одбрана Славјанка Петровска јавно посочи дека сеуште чека одобрение од Општина Желино за изградба на споменик за хероите од Карпалак, Општина Бутел и јас како нејзин градоначалник сме подготвени да одстапиме веднаш простор и локација, а министерството и владата да инвестираат во градба на достојно спомен обележје на видно место во општината за паднатите херои од Љуботенски бачила, порача Костовски.