Италијанец загина откако во неговиот магацин во областа Ломбардија се скршиле повеќе полици и врз него паднале поголем број пити тврд кашкавал „Грана падано“, секоја тешка по 40 килограми.
Според членовите на противпожарната служба, биле потребни 12 часа за да се дојде до телото на потрупаниот Џакомо Чипарини.
Некои од питите наводно паднале од височина од околу 10 метри.