Иако мајчинството е најубавото нешто што и се случува на секоја жена, бременоста, породувањето и другите процеси се сè само не лесни и едноставни.
Сепак, иако Јесенија Латоре има само 25 години, таа тврди дека обожава да биде бремена!
Сака да основа големо семејство, а дотогаш одлучила, како што вели, да ја изнајми својата матка.
-Планирам повторно да бидам сурогат. Едвај чекам да го повторам ова – рече Латоре, која го сподели своето искуство со своите 222.700 следбеници на ТикТок и стана извор за надежните родители кои бараат сурогат, пренесува Блиц Жена.
Многу жени кои исто така сакаат да бидат сурогат се обратиле кај неа за совет, а повеќе од 100 семејства ја контактирале со надеж дека ќе може да им помогне да основаат семејство.
@mamayessenia Smthe qualificafions for surrogacy ❤️#greenscreen #surrogacy#surrogatefirst#surrogate#surrogacyagency#mom ♬ Sweet Sunset – Tollan Kim & dulai
Што се однесува до хонорарот од 40.000 долари, Латоре сака луѓето да разберат дека повеќето сурогати не се во ова само поради парите, и дека таа ги гледа парите како бонус за менување на животот на семејството на непроценлив начин.
Јесенија го роди своето прво дете во 2017 година и веднаш се заљуби во состојбата на бременоста.
-Навистина сакам се во врска со бременоста. Уживам да имам стомак, да одам на лекарски прегледи, да ги чувствувам клоците на бебето – изјави таа.
Таа се одлучила за сурогат мајчинство по спонтан абортус во 2018 година. Тогаш ја сфатила борбата низ која поминуваат жените за да се исполнат како мајки.
Пријавена во агенција за сурогат мајчинство, која ја усогласила со семејството што само ја барало и го започнала нејзиниот прв процес на сурогат мајчинство во октомври 2021 година.
Процесот не е толку едноставен. Жената која сака да биде сурогат мајка мора да подлежи на психолошка евалуација, сите тестови на крвта и да користи разни лекови еден месец пред трансферот на ембрионот.
@mamayessenia ♬ Golden Hour: Piano Version – Andy Morris
Родителите обично плаќаат помеѓу 100.000 и 200.000 долари за процесот на сурогат мајчинство.
Кога првпат го родила своето прво момче како сурогат мајка, таа тврди дека не и било тешко.
-Не ми беше тешко да му го дадам на семејството нивното бебе. Бев многу среќна што го направив ова за нив. Ќе можам да го видам во иднина и неговата мајка ми испраќа слики од него секоја недела. Тоа ме прави навистина среќна – изјави таа на крајот.