На 27.07.2023 во 19.40 часот на ул.„Перо Наков” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода Б.И.(31) од с.Сингелиќ, скопско.
-Тој се сомничи дека во периодот од 07.07. до пријавувањето на 27.07.2023, во повеќе наврати упатувал закани кон Г.Д.(28) од Скопје. Според пријавеното, Б.И. на 07.07.2023 го однел своето возило на поправка во авто сервисот на Г.Д.(28) од Скопје, а откако Г.Д. му кажал дека парите што му ги дал за купување резервни делови биле фалсификувани, тој во неколку наврати преку смс пораки му упатил закани дека ако не му го поправи возилото ќе треба да му даде 5.000 евра, информираат од МВР.
Исто така, според пријавеното, на 26.07.2023 Б.И. со тврд предмет се заканил на друг вработен во сервисот и оштетил неколку возила оставени за сервисирање. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.