Системот за предупредување за земјотрес, којшто „Гугл“ го стави на располагање за паметните уреди со оперативен систем „Андроид“, треба да испраќа известувања за корисникот навреме да стигне на безбедно, но тоа не се случило на 6 февруари во Турција. Истражувачите на „Би-би-си“ разговарале со стотици луѓе во три турски градови и откриле дека ниту еден од нив не добил предупредување пред првиот земјотрес, а „ограничен број“ од нив биле известени за вториот.
Мика Берман од „Гугл“ вели дека милиони луѓе во Турција добиле предупредувања за земјотрес, но според наводите, компанијата не сподели податоци што покажуваат широко распространети известувања. Беа прикажани неколку објави од луѓе на социјалните мрежи кои тврдат дека добиле предупредување, но само една објава поврзана со првиот земјотрес.
Берман рече дека „нема дефинитивен одговор“ зошто социјалните мрежи „молчат“ за предупредувањата, но истакна дека природата на земјотресот и доверливоста на пристапот до интернет можат да влијаат на системот.
Системот за предупредување за земјотреси на „Андроид“ користи акцелерометар (сензор за препознавање движења) во телефоните за навреме и целисходно да генерира предупредувања. Ако вибрираат повеќе телефони во истовреме, „Гугл“ може да ги искористи собраните податоци за предвреме да го пронајде и епицентарот и да ја одреди јачината на земјотресот, а потоа автоматски да испрати предупредување до луѓето кои веројатно ќе почувствуваат дека земјата се тресе. Иако времето од предупредувањето до земјотресот е помалку од минута, технологијата сепак теоретски може да им помогне на луѓето во областите каде што конвенционалните предупредувања не се достапни.
Постои загриженост дека системот откажал за време на земјотресот од 7,8 степени. Некои пак, велат дека дури и да функционирал, тешко е да се каже колку луѓе колку би добиле предупредувања и би биле спасени во таков случај, не сметајќи ги поблагите инциденти. Без повеќе податоци за ова, сепак не е сигурно дека предупредувањата за земјотреси на „Андроид“ се доволно безбедна мерка.