Во тек е спасувачка акција на противпожарната служба на Грција во близина на грчкиот град Патра, откако од засега непознати причини, се урнал мост под изградба, а неофицијално под мостот имало луѓе, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми, станува збор за надвозник кој од 2021 година е затворен поради поправки, а веројатно постојат повредени и заглавени граѓани.
Едно лице го загуби животот, а осум се повредени откако се урна мост, затворен за употреба и сообраќај во близина на грчкиот град Патра, јави дописничката на МИА од Атина.
Портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис информираше дека несреќата се случила кусо пред 13 часот по локално време, а во спасувачката акција учествуваат 35 пожарникари со 12 возила, специјални спасувачки екипи со две кучиња и дронови, а на местото се и пет возила на брзата помош.
Соопшти дека едно лице загина, а во двете болници што се во околината се пренесени вкупно осум лица.
Паралелно Ватракојанис истакна дека од четвртокот на 20 јули конкретниот надвозник е целосно затворен и е забранет сообраќајот со цел да се за да се урне и одново да се изгради.
Засега непознати се причините за уривањето на дел од надвозникот, ниту е познато зошто луѓето биле под мостот.