Српскиот актер Срѓан Жика Тодоровиќ по години молчење, конечно прозборе за смртта на својот татко Бора Тодоровиќ. Легендарниот актер почина во 2014 година, а тогаш медиумите пишуваа дека му се слошило по операција на слепо црево, по што го испуштил последниот здив.
Меѓутоа, вистината е целосно различна.
Имено, Жика во интервју за ТВ Уна откри дека Бора заминал на рутинска операција на слепо црево, по што успеал да стане од кревет, но бидејќи надвор имало невреме тој сакал да го затвори прозорот. Во тој момент се лизнал и паднал, а со главата удрил во металниот болнички кревет.
Тогаш, аневризмата која ја имал пукнала, поради што Бора починал.
„Тој имаше една сосема обична операција. Беше лето, 7-ми јули. Имало некое невреме и бидејќи му бил отворен прозорот тргнал да го затвори, но се лизнал. Со главата удрил баш таму каде што имаше аневризма. Се разбудил, почнал да ги пакува своите работи за да излезе од болница и одеднаш паднал во кома од ударот во металниот болнички кревет. Дошло до пукање на аневризмата“, раскажа актерот.