Еуромакс Ресоурсис со особено внимание ја следи правната разврска за остварувањето на
нашите права како странски инвеститор. Сите правни аргументи се на страната на Еуромакс
Ресоурсис. Токму затоа, очекуваме без понатамошни одлагања надлежните државни
институции да продолжат да ги усвојуваат сите неопходни одлуки за да почне реализацијата на
една од најголемите инвестиции од независноста на државата до денес.
Ова се вели во соопштението на Еуромакс ресоурсис од каде објаснуваат дека:
-Впрочем, Република Северна Македонија како полноправен член на НАТО Алијансата и држава која ги отпочна преговорите за полноправно членство во ЕУ, меѓу другото има должност и обврска да обезбеди правна сигурност и ефикасност во спроведување на законите за домашните, но и за странските инвеститори. Одлуката на Управниот Суд по која постапи Владата на Република Северна Македонија не е прва судска пресуда во полза на Еуромакс Ресоурсис. Имено, во март и ноември 2020, Управниот и Вишиот Управен Суд правосилно го поништија Решението на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос која се однесуваше на барањето за издавање дозвола за експлоатација на минерални суровини. Искрено се надеваме дека нема да се
повтори праксата од 2020 година, кога надлежните државни институции во пресрет на тогашните локални избори одлучија да ја стават концесијата на Иловица – Штука во дневно – политичка агенда. Еуромакс Ресоурсис останува доследна на принципот дека ќе ги исцрпи сите домашни правни механизми за да ја реализира инвестицијата со добра волја и чесни намери, информираат од Еуромакс Ресоурсис и додаваат:
-Сепак, доколку увидиме дека на прашањето на нашата ивестиција повторно се напаѓа владеењето на правото како уставна загарантирана темелна вредност, тогаш ќе бидеме принудени да покренеме соодветна постапка пред Меѓународната Арбитража во Вашингтон, САД. Првичните проценки се дека вкупните штети кои потенцијално ќе се наплатат од Буџетот на Северна Македонија изнесуваат повеќе од 1 милијарда евра, без пресметани камати. Прецизирањето на правните околности и издавањето на соодветни дозволи за почеток на работа на рудникот Иловица – Штука ќе го отвори патот за реализација на директна странска инвестиција од 340 милиони евра и тоа само во првите две години на изградбата на рударскиот комплекс. Проектот ќе овозможи отворање на повеќе од 3.000 нови директни и индиректни работни места. Со отворањето на рудникот, согласно проектот, 24 милиони евра годишно ќе се слеваат во државниот Буџет на име даноци, надоместоци и концесии, од кои околу 4 милиони директно на буџетските сметки на општините Босилово и Ново Село. Функционирањето на
рудникот ќе придонесе и за повеќе приходи и нови вработувања во голем број на компании во
регионот. Согласно проектот, предвидени се договори со локални компании во висина од околу
180 милиони евра само за време на изградбата на рудникот. Во следните години на годишно
ниво се предвидува дека преку договори за набавки кон локални компании да бидат исплаќани
по 74 милиони евра, информираат од Еуромакс ресоурсис.
Според нив почитувајќи ја грижата на жителите на Општините Ново Село и Босилово, регионот, целокупната јавност, „во оваа прилика, сакаме веднаш да ja потенцираме најважната работа“.
– Во технолошкиот процес во рудникот Иловица – Штука ќе се применуваат најбезбедни и наjсовремени техники и практики за експлоатација на минерални суровини. Нема никаква основа за било каква грижа дека здравјето на граѓаните и животната средина се под некаква закана. Највисок приоритет за нашите светски реномирани инвеститори е Еуромакс Ресоурсес да ги имплементира сите
највисоки стандарди за одржливо рударство на 21-от век. Затоа, ги охрабруваме граѓаните и
јавноста да поставуваат прашања и да ги отвораат сите евентуални дилеми. Ние сме подготвени
да го објасниме секој чекор од процесот на експлоатација на рудникот. Истовремено, апелираме
да не се потпаѓа по лажните вести кои се наменети да се спречи по секоја цена економскиот
развој и забрзаниот прогрес на регионот и цела Северна Македонија, велат од Еуромакс Ресоурсис.