Во црни кесиња во моторот на автомобилот на албански државјани во средата на граничниот премин царинарниците запленија 31 килограм уловен пастрмка. Албанскиот државјанин имал намера да ја внесе рибата во Македонија.
-При детална контрола на патничко возило со албански регистарски таблички, управувано од албански државјанин пријавено за влез на ГП Ќафасан, царинските службеници пронајдоа 31 килограм свежа риба – охридска пастрмка, сокриена во најлонски кеси во делот кај моторот на возилото. Против лицето е поднесена пријава за сторен царински прекршок, а стоката е привремено задржана и веднаш предадена на Агенцијата за одземен имот, соопштија од Царинската управа.
Охридската пастрмка е загрозен вид и ловот е строго забранет. Не постои легално уловена охридска пастрмка во Македонија бидејќи е трајна забраната за лов на пастрмка и белвица. Иако Охридското Езеро нема концесионер повеќе години, а ловот е строго забранет, охридската пастрмка се нуди во сите ресторани околу езерото, под тезга, во рибарниците. Дури постои и систем на „достава до дома на шверцувана риба“.
На ова минатата година преку герила акција укажа граѓанска иницијатива, која ја спроведе акцијата „Крикот на охридската пастрмка“. Криволовот, односно рибокрадството со години има енормни размери, што доведува до десеткување на популацијата на пастрмката. Сè почесто се ловат, односно криволоват риби неколкукратно помали од законските мерки за минимална големина на пастмка, односно единки кои воопшто не успеваат да достигнат репродуктивна зрелост, туку илегално завршуваат на трпеза, рекоа тогаш организаторите на акцијата.
фото: Царинска управа