Лут турист веднаш го прекинал одморот на грчкиот остров Миконос, откако, како што тврди, бил принуден да потроши 360,80 евра на лесен ручек. Опишувајќи го инцидентот на Редит, тој опиша како неговото семејство било измамено во одморалиштето.
-Баравме добро место да седнеме и да уживаме во сонцето, а келнерот во ресторанот „Еклипса“ на плажа ни рече дека можеме да ги користиме нивните кабини или лежалки под услов да купиме два пијалока. Понудата ни се чинеше прилично добра, но потоа почна да не мачи и да инсистира на нови нарачки. Го побаравме менито за да ги погледнеме цените, но келнерот итро ги избегнуваше нашите прашања, само постојано ни кажуваше како е се – евтино.
Сопружниците нарачале пиво и мохито, а биле принудени да нарачаат милкшејк за децата, пишува Дејли мејл.
-Откако седевме еден час, решивме да порачаме храна. Келнерот препорача каламари, а на менито пишуваше дека чинат 19 евра и дека доаѓаат со салата и леб како прилог. Но, тогаш ни ја врачија сметката – четири пијачки чинат 78 евра, а лигњите 75 евра. Шокирани му ја дадовме картичката на келнерот и дури подоцна сфативме дека ни наплатиле и повеќе од наведената цифра. Сега лигњите беа 148 евра, милкшејковите кои не ги сакавме, плативме 38 евра, а салатата и лебот, кои требаше да бидат бесплатни, не чинат уште 28, односно 14,50 евра – напиша турист на Редит.
Кога им се пожалил на вработените во ресторанот, тие се налутиле!
-Касиерката го скинала горниот дел од сметката на која биле информациите за трансакцијата и името и адресата на ресторанот. Не се ни потрудија да потпишат после трансакцијата, едноставно ми ја наплатија картичката за неверојатни 360,80 евра. Се чувствував толку измамено – вели жртвата, а пренесува сд.рс.