Претседателот на САД, Џо Бајден, одговарајќи на новинарско прашање за рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека тој ја губи војната во Ирак.
– Тешко е да се каже, но тој очигледно ја губи војната во Ирак, истакна Бајден, најверојатно мислејќи на војната во Украина.
Тоа е уште еден гаф на Бајден. Претходно во текот на месецот тој во својот говор пред поддржувачите за контрола на оружјето рече: „Боже чувај ја кралицата“. Подоцна Белата куќа соопшти дека забелешката била упатена кон некого од публиката, без да наведе други детали. МИА