Џулијан Кепке е единствената преживеана при падот на авионот со кој патувала кон Пукалп, а нејзината приказна за тоа како преживеала во џунглата е неверојатна.
Џулијан Кепке е родена во 1954 година. Таа до седумнаесетгодишна возраст живеела сосема нормален живот, а потоа во нејзиниот живот се случило нешто неочекувано што ќе ја потресе и ќе ја промени од корен.
Во далечната 1971 година, на 24-ти декември, Џулијан тргнала со својата мајка да го посети татко ѝ во Пукалп за Божиќ. Бидејќи доцнеле со резервацијата не можеле да го изберат местото на седење во авионот, па резервацијата автоматски им одредила места.
Авионот конечно полетал по задоцнување од седум часа. Летал на височина од 6.400 метри кога упаднал во бура и доживеал сериозни турбуленции. Громот конечно го погоди авионот, кој набрзо се урнал. Во авионот имало 92 патници кои исчезнале во џунглите на Амазон на територијата на Перу. Интензивната потрага по патниците траела десет дена, по што била прекината, откако надлежните заклучиле дека нема преживеани. Барем така се мислело тогаш… На дванаесеттиот ден, Џулијан била пронајдена.
Целото случување потоа и самата го опишала во еден од многуте нејзините јавни говори. Таа ги навела и ги раскажала сите детали од оваа страшна несреќа.
– Турбуленциите беа толку силни што буквално си „поигруваа“ со авионот, седиштата и багажот кој паѓаше од шкафчињата. Тоа беа подароци, цвеќиња, божиќни колачи, сѐ беше расфрлено низ кабината – опишала таа.
Џулијан гледала како молњите блескаат низ авионот и додека се држела за рака со мајка си и другите патници почнала да плаче и да вреска. Авионот почнал да паѓа, а бучавата од моторот ѝ ја „наполнила главата“.
– Одеднаш бучавата престана и излегов од авионот. Слободно паѓав 3,2 км и понатаму врзана за седиштето. Шумолењето на воздухот беше единствениот звук што можев да го слушнам.
Додека чувствувала како паѓа низ дрвјата, ја изгубила свеста и следниот ден се разбудила сама во џунглата. Ја побарала мајка си, но никој не ѝ одговорил. На местото на несреќата пронашла ќесичка со слатки кои ѝ биле единствената храна.
„Ја скршив клучната коска и имав длабоки расекотини на нозете, но повредите не ми беа сериозни. Подоцна сфатив дека имам скинати лигаменти, но можев да одам“, раскажала таа.
Благодарение на професијата на нејзините родители кои биле зоолози, таа била добро едуцирана за тоа што ѝ е потребно за да преживее. Била сама, но знаела што да прави. Првата нејзина одлука била да бара рака. Од својот татко знаела дека во критични моменти во џунгла најсигурно е во река. Знаела дека кога ќе ја здогледа раката, во близина ќе има и луѓе. Таа собрала сила и покрај мачната болка што ја трпела, собрала сили и избезумено барала вода. Кога кнечно здогледала птица мислела дека среќата ѝ се насмевнала.
„На четвртиот ден го слушнав звукот на слетувањето на кралскиот мршојадец. Се исплашив бидејќи знаев дека овие птици слетуваат само кога има многу свежо месо за јадење. Сигурно ги почувствувале телата на жртвите од несреќата. Кога влегов во реката, најдов и три фотелји со тела на жртвите. Ударот бил толку силен што главите на овие луѓе удриле на земја. Паниката ме парализираше. Мислев дека едно од овие лица можеби е мојата мајка. Допрев едно тело со мојот стап. На оваа личност ноктите ѝ беа средени. Се смирив затоа што мајка ми никогаш не ги лакираше ноктите. Веднаш ми олесна, но потоа се засрамив од помислата“, додала Џулијан.
Таа многу добро знаела за која птица станува збор, бидејќи нејзината мајка, која била биолог, често зборувала за неа. Карактеристично за овој вид е тоа што ги населуваат реките, а токму тоа го барала Џулијан. Ја видела реката, а потоа ги слушнала гласовите на луѓето. Таа повикала помош и набрзо пристигнала. Шумарите ѝ пружиле прва помош, а потоа ја однеле во болница каде се сретнала со татко ѝ.
Потоа дознала дека мајка ѝ е мртва, како и останатите патници.
Храбрата Џулијан издржала единаесет дена низ амазонската џунгла, покрај сите смртоносни животни кои се наоѓале во неа. Џулијан била исцрпена и гладна, но успеала да најде излез.
По примерот на родителите се запишала и завршила биологија. Во 2011 година таа објавила автобиографска книга за овој настан. Сè уште е жива, има 65 години и за оваа нејзина приказна се снимени неколку филмови.
Овој настан се смета за еден од најневеројатните преживувања во историјата на човештвото.