ДНК и ЛОЗАНО е одлична комбинација за зеаднички концерт, а тој ќе се случи на 8-ми јули во Гевгелија.
После подолго време, гевгеличани и луѓето од околните градови ќе имаат прилика во живо да ги слушнат и видат едни од најбараните музички имиња во нашата земја во последните неколку години…
Гевгелија ќе „гори“ на 8-ми јули од многубројните хитови на Лозано и ДНК. Тие ветуваат одлична забава и ноќ за паметење…
„ Драги наши, по подолго време и на наше огромно задоволство на 8-ми јули (сабота) во вашиот омилен клуб „Де Факто“ ќе одржиме заеднички концерт (Лозано и ДНК) пред гевгелиската публика која ќе има можност да ги слушнете сите наши познати рефрени низ три часовен концерт, велат тие.
Влезниците ке бидат во строго ограничен број, а првите 300 “early birds” влезници ке бидат пуштени во претпродажба по цена од 300 денари и ќе може да се набават исклучиво на билетарата на клубот од четврток до сабота. Потоа цената ке изнесува 400 денари и доколку останат на врата ке бидат остане истата цена.
Затоа подгответе се на 8-ми јули на “Полна месечина” ве чекаме да се гушнеме “Јако Јако” и да се направиме “Авиони”, да испишеме уште неколку “Километри” па “Што сака нека биде”…“ – стои во нивната зеадничка објава.
Концертот ќе го отвори младиот диџеј – Милан Петков, кој е миленик на публиката во Гевгелија.