Американскиот претседател Џо Бајден (80) повторно лансираше низа потсмев на интернет со најновиот гаф.
Фокс њуз објави дека шефот на Белата куќа ги запрепастил учесниците на годишната гала вечера на Лигата на гласачите за заштита на природата (League of Conservation Voters), што се одржал во петокот во Вашингтон, додека најави изградба на пруга преку океанот, пренесува курир.рс.
-Планираме да изградиме пруга од Тихиот океан и сè преку Индискиот Океан – рече Бајден, очигледно мислејќи на железница што би се протегала низ целата широчина на САД од Пацификот до брегот на Атлантикот.
Zero scrutiny from the media on Joe Biden’s “gaffe” —plans to “build a railroad” across the Indian Ocean.
Seriously. Not a joke, Biden said. (No one laughed)
“We have plans to build a railroad from the Pacific all the way across the Indian Ocean. We have plans to build in —in… https://t.co/WDwgaQA06n pic.twitter.com/HpeCozpY52
— Tosca Austen (@ToscaAusten) June 16, 2023
Овој негов најнов гаф веднаш стана хит на интернет, па еден од твитерџиите напиша „Тоа, брат, воз што минува 13.000 километри преку океан, Бајден 2024!“, мислејќи на кандидатурата за реизбор на привремениот демократски претседател.
Абигејл Марони, портпаролка на Џош Хејли, републиканскиот сенатор од Мисури, на Твитер напиша „стави го дедо во кревет“.
F yeah!!! 8,000 MILE OCEAN TRAIN! BIDEN 2024!! https://t.co/oz4nY8uu7L
— Rob Schmitt (@SchmittNYC) June 15, 2023
„Њујорк пост“ пишува дека еден од похумористичните одговори дошол од корисник на социјалните мрежи кој го прашал Бајден дали би ангажирал познат цртан лик за нов проект.
-Кој ќе го вози тој воз? Сунѓерот Боб? – прочитајте ја таа порака.