Од 14:10 часот сообраќајот на патиот правец Градско – Прилеп е нормализиран, информира АМСМ. Оваа делница беше во прекин од изутрината по 7 часот поради надојдените води.
Препорака за внимателно движење поради излевање на Крива река, во прекин ќе бидат локалните патишта од Крива Паланка кон с.Варовиште и с.Градец. Исто така, во с.Пчиња (Куманово) има собрани дрвја и гранки под мостот на р.Пчиња, со што е намален протокот на реката, па постои опасност од излевање и оштетување на мостот.
фото: Архива