Копретседателот на здружението на Бугарите „Шемето“ Бекир Кадриевски бил претепан во Струга. Кадриевски рекол дека му се познати напаѓачите. Веста на Фејсбук страната на здружението вчера ја објави претседателот Живко Чаркакчиев, кој изминатите два дена е на сите бугарски медиуми.
-Со длабоко разочарување и бес ја споделуваме веста за инцидентот што се случи во Северна Македонија. Нашиот копретседател Бекир Кадриески беше цел и нападнат од грб поради неговата етничка припадност и самоопределување. Г-дин Кадриески моментално се наоѓа во болница во Струга со повреди во пределот на стомакот и градниот кош, напиша Чаркакчиев на Фејсбук.
За бугарските медиуми Чаркакчиев изјави дека „Кадриевски најверојатно има внатрешно крварење, во моментот продолжува да мокри крв, вчера беше неконтактабилен, беше на седативи. Не се чувствуваше добро, денеска е малку подобро. Го нападнале 5 лица, четворица го држеле, а петтиот му удрил бокс, по што паднал на земја и го клоцале“ , изјавил за Нова ТВ претседателот на Здружението на Бугарите „Шемето“ Живко Чакракчиев.
Чаркакчиев бара Бугарија да го пренесе Кадриески на лекување во Бугарија, по пример на Христијан Пендиков.
Охридската полиција го потврдува случајот и веќе работи на откривање на сторителите.
Прв се огласи европратеникот Андреј Ковачев, кој оцени дека теророт кон Бугарите во „Македонија, кои го декларираат својот идентитет, продолжува, а македонските власти не преземаат јасни и дефинитивни мерки за ограничување на овие случаи“.
Како што ММС веќе пишуваше, здружението „Шемето“ е активно на терен и покрај Струга и Прилеп, формира свој огранок во Гостивар.
Прочитајте повеќе на овој линк.