Љубчо Балкоски, пратеник од ВМРО НП и дел од владејачката коалиција предводена од СДСМ на прес конференција објави дека ќе гласа против законите за Бехтел и Енка. На денешната прес конференција објави дека основниот закон за изградба на патната мрежа што сега е предмет на законите што се освојуваат, е донесен на 15 јули 2021 година, а после толку време, сега итно со европско знаменце се усвојуваат измените на посебните закони.
Некогашниот министер за транспорт и врски, Балкоски, рече дека на гласањето нема да излезе, туку ќе гласа против, да се евидентира дека се противи на усвојувањето на законите, иако знае дека власта ќе има 61 пратеник за да ги усвои. Меѓу аргументите зошто ќе гласа против, Балкоски наведе:
-Најскапиот проект ќе се реализира не според закон туку според правилник, не со урбанистички план, туку со урбанистички проект. Непостоење на точна и јасна организација на усогласеност на законите. Се исклучува примената на финансискиот и правен систем на државата, рече Балковски.