Животот на Тина Тарнер пред се го одбележа музиката која остави голема трага во нејзиниот живот. Многумина ја нарекуваа жена лавица, но малкумина знаат низ што поминала оваа музичка дива, пренесува курир.рс.
Една од работите кои дефинитивно го одбележаа нејзиниот живот беше турбулентниот брак со нејзиниот сопруг и музички партнер Ајк. Парот поминал долги 16 години во брак, во кои Тина била секојдневно изложена на малтретирање и злоставување.
Таа откри дека бракот на Ајк со неа бил обична формалност и дека му послужил да се извлече од непријатната ситуација со поранешната сопруга, која сакала да извлече пари од него.
Тина и Ајк се венчаа во 1962 година, а дотогаш Ајк имаше цела серија поранешни девојки и неколку пропаднати бракови зад себе. Тина наводно не сакала да се омажи за него, но немала избор бидејќи веќе имале четири деца и заедничка музичка кариера.
“Одлучи дека ќе се венчаме во Мексико каде сакаше да се забавува на свој начин. Ме одведе во бордел за првата брачна ноќ. Толку ми беше срам што не кажав никому. Кој друг младоженец неговата новопечена сопруга ќе ја однесе на порнографски секс шоу и тоа на денот на свадбата?“, рекла Тина во една прилика.
Таа за прв пат го видла на сцената во Лос Анџелес кога настапил со неговиот бенд „Ајк Тарнер и кралевите на ритамот“.
„Кога го видов, првото нешто што помислив беше „Боже, тој е толку грд“, откри пејачката и додаде дека на повеќето жени Ајк им е привлечен затоа што „имаше нешто опасно во него“.
Кога се запознале, Тина имала само 17 години. Ајк бил фасциниран од нејзиниот глас, ја научил многу за музиката и и платил да настапува на сцената. Не требало многу време за нивното пријателство да прерасне во нешто повеќе.
https://www.youtube.com/watch?v=hzQnPz6TpGc
Тина призна дека прво ја удрил откако таа се побунила против промена на името. Ајк сакал да го преименува својот бенд The Kings of Rhythm” во “Ike and Tina Turner Revue”. Вистинското име на Тина било Ана Меј, а Ајк инсистирал на името Тина бидејќи се римувало со името Шина, кое го памети од ТВ серија. Откако ја удрил со парче дрво, и наредил да легне на креветот, а потоа ја силувал.
„Тој се однесуваше како ѕвезда, а јас бев Пепелашка, неговата робинка“, рече таа и додаде дека тој го контролирал и нејзиното пеење. “Сакав да бидам поизразена и помелодична, но тој не дозволи. Откако се побунив, тој ме плукна”, признала таа.
Таа зборуваше и за обидот за самоубиство.
“Тој уништи сè – мојот статус, самодовербата, целиот мој свет. Една вечер пред настапот не можев повеќе да издржам, па испив 50 апчиња за спиење”, рече таа и додаде дека завршила во болница на перење на желудникот.
Тина призна дека не станувало збор да повика помош, туку дека свесно ја избрала смртта.
“Тоа беше првиот и последен пат кога се обидов да се убијам. Бев убедена дека ми е судено да живеам”, открила таа.
Иако имаа успех по успех како музичко дуо, Тина сепак минуваше низ пекол на приватен план. Во 70-тите, Ајк почнал да зема кокаин затоа што некој му рекол дека тоа ќе му го подобри сексуалниот живот. “Сексот со него беше како силување, особено кога почнуваше и завршуваше со ударите. Ме тепаше толку силно што ќе почувствував како крвта ми тече низ грлото за време на настапот. Еднаш ми фрли шолја топло кафе во лице , по што добив изгореници од трет степен“, изјавила познатата пејачка која една вечер решила да побегне.
Кога стануваш од пепелта, животот те наградува со нови можности“, заклучи таа.