Над албански државјани се вратени по потпишувањето на заедничкиот договор меѓу Велика Британија и Албанија на 13 декември 2022 година. Ако се пресметаат и тие албански државјани што биле вратени во текот на цела 2022 година пред потпишува на договорот и од почетокот на 2023 година, тогаш таа бројка е близу 3000.
Во оваа група не се само осуденици од затворите, туку и баратели на азил, кои биле одбиени.
Како што пишува Би-Би-Си, албанските власти потврдиле дека повеќето нејзини граѓани кои оваа година биле насилно вратени дома од ОК, биле осудени за злосторства таму. Би-Би-Си разговараше со оние мажи испратени дома и дозна дека на некои затвореници им биле понудени 1.500 фунти за да заминат – а некои планираат да се вратат. Околу половина од нив доброволно потпишале, добие пари и заминале, додека останатите се неуспешни баратели на азил и странски престапници.
Овие албански државјани се враќаат со специјализирани летови, резултат на работењето на Оперативните тимови Британци и Албанци, преку формираната заедничка работна група за миграција. Оваа работна група служи како главна порта за координирање на специјализирани оперативни мерки и активности за управување со илегалната миграција на албанските граѓани во Велика Британија.
Тие вклучуваат засилени проверки на критериумите за слободно движење на сите гранични премини низ земјата, зголемени проверки на албански државјани за кои е откриено дека се илегално на британска територија на и размена на полициски службеници на високо ниво во двете земји.
Државните податоци укажуваат дека во 2022 година имало 1.888 враќања на албански државјани, од кои 954 (51%) биле присилни, а 934 (49%) биле доброволни враќања. Бројот на доброволни враќања е за 90% поголем отколку во 2021 година (492).
Веќе во 2023 година, од јануари до март, вратени се 795 албански државјани. Од нив, 389 (49%) биле присилни враќања, а 406 (51%) биле доброволни враќања. Овие операции се очекува дополнително да се интензивираат во наредните месеци.