Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски му се заблагодари на штипскиот градоначалник Иван Јорданов за големата подршка што ја дал во подготовките околу реализацијата на новата инвестиција во штипската индустриска зона во Штип, но Јорданов не присуствуваше на денешниот официјален почеток.
А почетокот на градежните работи на новата фабрика, инвестиција на „Магна Мехатронокс“ денес го означија и Премиерот Ковачевски како ипотпретседателот на компанијата „Магна Интернационал“, Дејвид Креспи.
„Магна Интернационал“ е една од најреномираните светски компании, која е специјализирана да дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на сите позначајни производители на автомобили во светот. Се работи за проширување на опсегот на работа на компанијата со нов инвестициски проект, покрај фабриката на компанијата во ТИРЗ Струга.
Со оваа инвестиција обезбедуваме право на пристоен живот за најмалку б00 наши сограѓани од овој регион со плати 20% над државниот просек, кажа директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски „ Ова е пример и вистински модел на соработка на одговорни политичари и институции преку кои покажуваме дека може да испорачаме конкретни резултати за граѓаните,“изразувајќи благодарност и до тимот на ТИРЗ и до градоначалникот на Штип, Иван Јорданов за поддршката на проектот.
„Нашата втора постројка во Северна Македонија претставува уште една одредница на нашето патување кон проширување на нашата работа и способности во регионот, како и поддршка на нашите клиенти со иновативни производи од светска класа. рече потпретседателот на компанијата „Магна Интернационал“, Дејвид Креспи во своето обраќање на настанот.
Спомнувајќи ги последните значајни инвестиции меѓу кои се оние на „Герејсхајмер“ и „Јагео“, премиерот Ковачевски ги потенцираше резултатите постигнати во технолошко-индустриските развојни зони.
„Бројот на вработени во технолошки-индустриските развојни зони во април годинава повторно бележи раст и достигна 16.700, што е за 15% повеќе од април 2022 година, односно 20% повеќе од 2021 година. Продолжува и растот на извозот кој заклучно со април достигна 1.2 милијарди евра. Само во април, компаниите во ТИРЗ реализирале извоз од 277 милиони евра што е за 12% споредено со април минатата година. Бележиме и пораст на приливите во Буџетот, каде компаниите во зоните, уплатиле 35% повеќе средства во Буџетот на државата во 2022 година споредено со 2021 година. Односно за едно евро исплатено од државата, компаниите назад во буџетот враќаат најмалку четири евра. За Северна Македонија како успешна приказна, ќе се слуша сè повеќе и повеќе! Одиме напред и само напред, со нови успеси, со нови инвестиции, отвораме нови работни места и ја развиваме домашната економија“, нагласи премиерот Ковачевски на настанот.