Децата кои панично избегаа по масовното пукање во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград нашле засолниште во просториите на фирма лоцирана веднаш зад училиштето. Како што раскажа вработен во фирмата, веднаш ги однеле децата и се обиделе да ги смират, колку што било можно во тој момент.
-Почнаа да бегаат, навалија како стампедо, им рековме да дојдат кај нас, колешката е психолог, и реков да ги смири колку може. Со нас беа и две учителки и педесетина деца, кои се засолнија околу нашата фирма – раскажува Горан, вработен во фирмата кој во кобниот момент се нашол пред децата.
Како што раскажува, една од наставничките била целосно бледа и во шок, а набрзо веднаш се вратила во училиштето.
– Една наставничка пребледе, веднаш се врати во училиштето да ги земе сите деца, мали деца се, до четврто одделение – вели Горан.
Според приказната, едно дете плачело од страв и раскажало што се случило. Низ солзи раскажа како ученик влетал и почнал да пука.
Да потсетиме, Коста К.(13) на 3 мај влегол во училиштето во Врачар, со пиштолот на неговиот татко, и прво пукал во училишниот чувар, потоа во дежурните ученици, а потоа се упатил кон канцеларијата за историја.
Таму ја ранил учителката, а потоа почнал да пука во своите врсници. Во оваа невидена трагедија загинаа седум девојчиња, едно момче, како и училишниот чувар Драган Влаховиќ. Шест деца се ранети, како и наставничката по историја.
Според надлежните од МУП, ученикот од седмо одделение имал детален план што го подготвил однапред, како и листа на врсници кои му биле приоритетни цели.
Откако полицајците го однеле, тој не покажал никакво каење.
Децата, како и училишниот чувар, кои беа убиени во масовното пукање во ОУ „Владислав Рибникар“, беа погребани на белградските гробишта, а од нив се простија стотици луѓе. Едно од повредените деца се’ уште е во критична состојба.
Извор: Блиц.рс