Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 04.05.2023 година регистрираше земјотрес 75 km југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентрално подрачје Св. Николе-Штип.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 13 часот и 08 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.5 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Штип и околината.