Полицијата уапси седмоодделенец на белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, осомничен дека утрово во 8 часот и 40 минути испукал неколку истрели од пиштолот на неговиот татко во правец кон учениците и обезбедувањето на училиштето, јави агенцијата Бета.
Згрижувањето на повредените е во тек, а полицијата работи на утврдување на сите факти и околности поврзани со овој настан, соопшти МВР.
Исто така се наведува дека полицијата, по добиена пријава, ги испратила сите расположливи патроли и веднаш излегла на терен.
МИА